БИТКА ЗА БЕБИЊА

Фонд Б92, Fusion Communications

Инкубаторите во Србија беа стари и по 40 години, а смртноста на новороденчињата тешки дo 999 грама во Србија постигна 65%. Затоа се покрена хуманитарна акција “Битка за бебиња” чија цел беше собирање на средства за купување на 100 нови инкубатори за нашите најмлади и најзагрозени сограѓани. Нашата мисија беше да ја поттикнеме јавноста да се вклучи во “Битката за бебиња” и на тој начин да извршиме своевиден притисок на оние кои можат да помогнат.

Решениe

Нашето средство без зборовите со кои преку медиумите ги мотивиравме поединците и компаниите да се приклучат во борбата и во согласност со своите можности да застанат во борбените редови за “Битката за бебиња”. Креиравме и спроведовме динамична стратегија на односот со јавноста во текот на целата кампања. Со организирање на настани како што се: фудбалскиот натпревар меѓу ФК Црвена звезда – ИМН Монтевидео Бог те видео, кошаркашкиот меч КК Црвена звезда Белград – КК Баерн Минхен, прослава на Денот на победата во “Битка за бебиња” која се одржа во Домот на Народното собрание на Република Србија во присуство на највисоките државни функционери и многу други спортски настани, изложби, хуманитарни забави… се обидовме да допреме до најголемиот број на луѓе,компании и поединци, и да ги поттикнеме на акција. Од ден во ден ги следевме достигнувањата на кампања и за истите редовно ги известувавме медиумите и јавноста.

Резултат

  • Вкупен број на објави: 1174
  • Total PR value: 1,2 милиони евра
  • На разни начини, во акцијата се вклучија повеќе од еден милион луѓе. Повеќе од 80 компании херои, преку 500 поединци и близу 170 мали претпријатија донираа финансии за купување на нови инкубатори.
  • Повеќе од 200 волонтери секојдневно се грижеа сите граѓани на Србија да бидат свесни дека во тек е “Битката за бебиња“.
  • Готово 6.000 смс пораки пратија граѓаните на Србија на бројот 3100.
  • Повеќе од 160 инкубатори беа обезбедени за 40 здравствени институции на територијата на Србија.