Direct Media

BTL кампањата Вози одговорно

BTL кампањата “Вози одговорно” на РСБСП успешно ја спроведе агенцијата Direct Media United Solutions. Еден поинаков и поинтересен концепт на промоции се одвиваше во избрани ноќни локали, клубови и ресторани низ цела Македонија, каде што промотерките им овозможуваа на гостите преку апарат за мерење на количина на алкохол, која инаку го користи полицијата, да измерат колку имаат внесено алкохол.

При тоа, оние кои имаа повеќе од 0,5 промили алкохол добиваа црвен картон, додека оние со помалку алкохол, зелен картон. Првите десет кои беа со помалку од 0,5 промили алкохол добиваа по 2 влезници за натпревар на РК Вардар во EHF Champions League.

Целта на оваа кампања беше да се подигне свеста за безбедноста на учесниците во сообраќајот, со апел да не возат во алкохолизирана состојба и да возат одговорно.