Отвори очи – кажи му НЕ на насилството!

УНДП, Босна и Херцеговина

Во рамките на првата национална кампања на УНДП против насилството во општеството во Босна и Херцеговина, требаше да се повикаат граѓаните да не ги толерираат разните форми на насилство кое им се случува пред очите.

Решениe

Целта на кампањата беше преку разни канали на комуникација да укаже дека насилството е сеприсутна појава во општеството пред која не треба да ги затвараме очите. Покрај ТВ спотот, радио, outdoor и Facebook камапњата, емитувана е и специјална интерактивна емисија со намера да го разбуди најширокиот возможен фронт на поддршка на жртвите на насилство, односно да поттикне пријавување на случаи на насилство кај надлежните институции поради негово ефикасно сузбивање.