Postbank – Virtual Mastercard

Mastercard, Бугарија

Пораката за новиот бренд на Mastercard, виртуелната картичка за онлајн купување требаше да стигне до своите идни корисници. Нашата задача беше да креираме интегрирана кампања за лансирање на овој иновативен производ и да допреме до целната група, младите луѓе, напредните корисници на интернет и онлајн купувањето.

Решениe

Oдлучивме главните предности на новиот производ да ги претставиме преку споредба на картичката со моќните животни, што покрај визуелната сличност, воедно укажува и на неговата важна карактеристика – единствен ниво на заштита на интернет. Првиот бран на кампањата започна од интернет во вид на информативни банери, потоа на Facebook страницата, со туторијал за употреба на платежната картичка. Пораката успешно се пренесе до целната група, а новиот банкарски производ оствари добри предуслови за понатамошно позиционирање на пазарот.