Rompetrol Efi X

Rompetrol, Бугарија

Rompetrol лансираше ново гориво без адитиви– Efix со заштита на моторот како главна предност на производот. Потребно беше да се заинтересира заедницата на обожавателите на авто индустријата, мажите првенствено, и сите оние кои се заинтересирани за автомобилите и за нивните перформанси.

Решение

На производот му дадовме епитет- избор на експертите. За да ја придобиеме довербата од влијателните лидери во тематските форуми, ја креиравме Ефи – прекрасна девојка на која и е потребна помош од Интернет корисниците за да го поправи својот автомобил. Во интеракција со Ефи на посебен сајт, посетителите можеа да и постават прашања за природата на проблемот со автомобилот и добиваа одговори кои укажуваа на решението. Посетителите добиваа видео одговор на секое прашање, за да разберат, чекор по чекор, дека се работи за проблем со бензинот. Ефи и понатаму живее на Facebook со повеќе од 400 пријатели. Во меѓувреме стана главна хероина на многу вести и интернет дискусии.