Осмели се да покажеш нежност

MILKA за пазарот на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ

Milka брендот во 2011. лансираше глобална кампања „Осмели се да покажеш нежност“ која брендот го претставува преку нов и поинаков пристап во категоријата на производители на чоколадо. Нашата задача беше најшироката целна група да ја убедиме дека чоколадото има моќ да ја разбуди нивната нежна страна и на тој начин да ја подигнеме препознатливоста на брендот на пазарот на Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ.

Решение

Креиравме сеопфатна кампања во три фази, користејќи ги сите канали кои ќе можат да ја пренесат пораката на брендот. Кампањата започна со истражувањето колку сме всушност нежни, a медиумите беа преплавени со ПР текстови кои требаше да го свртат вниманието на недостатокот на нежности и емоции во секојдневниот живот. Тизер кампањата во ПР, потпомогната со банерите на интернет имаше за цел да ја разбуди свеста за тоа дека нежноста и вниманието се изгубиле во забрзаното темпо на живеење на современиот човек. Лансирната фаза започна со емитување на спотот на телевизија која во текот на кампањата ја видоа 12.5 милиони луѓе во EAM регионот. Нa Facebook страницата „Осмели се да покажеш нежност“ во четири земји имавме 40,000 лајкови и 300,000 ангажирани обожаватели. На насловните страни во медиумите во регионот се појавија пораки на нежност, како и на 500 локации со лед екрани и билборди и импресивни екрани во продавниците. Во завршната фаза на кампањата охрабрувавме нежност меѓу луѓето. Во директниот контакт со 90,000 луѓе во 14 градови од регионот подарувавме специјални Milka чоколадни подароци кои на себе имаа нежна порака.

Резултати

  • Свеста за Milka брендот како нежен сојузник во подарувањето на емоции на оние кои ги сакаме се зголеми на невидени размери
  • Во Словенија уделот на Milkа во категоријата беше најголем во претходните три години
  • Top of mind awarennes во Хрватска скокна од 48% нa 60 %
  • Ad awareness во Србија порасна од 77% нa 88%, a резултатите од продажбата беа извонредни